Почетна
Македонија

Училишната кошничка повторно со 15% попуст – колку ќе платат семејствата?

Министерството најави 15% попуст на пакетите; точните понуди ќе зависат од трговците и ќе бидат разгледани на владина седница овој вторник.

·Македонија
Училишната кошничка повторно со 15% попуст – колку ќе платат семејствата?

За помалку од десет дена до почетокот на учебната година, повторно се подготвува владината мерка позната како „училишна кошничка“, со цел да се олесни товарот на родителите пред новата школска сезона.

Министерството за економија и труд најави дека кошничката ќе биде со попуст од 15 отсто, а предложената одлука ќе се стави на гласање на владина седница овој вторник. Од министерството велат дека попустите ќе се разликуваат од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите.

Како ќе бидат поставени и какви реакции има

„Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место, со прецизно наведен состав и цени на производите. На овој начин, родителите однапред ќе имаат целосна информација за тоа што ќе содржи пакетот и која ќе биде неговата цена“, велат од Министерството за економија и труд.

Во книжарниците веќе почнаа набавките на училишен прибор. Вработените велат дека цените се менуваат од производ до производ, но не се драстично покачени. Граѓаните, пак, имаат поинакво искуство. „Поскапо е оваа година од лани. За сè што треба да се купи за едно дете, ако лани сме платиле околу четири-пет илјади, оваа година треба многу повеќе да платиме“, вели еден граѓанин.

„Сè е поскапо. Ранецот е 50 евра, секоја година нов ранец ни бара внуката“, додава друга граѓанка.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, семејство со двајца ученици месечно издвојува околу 7.200 денари, односно 10,5% од вкупните трошоци за семејството.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи