Почетна
Македонија

УХМР: Облачно и постудено, повремени врнежи — снег на повисоките планини

Минимални 4–13°C, максимални 7–16°C; пообилни врнежи во југоисток и засилен северен ветер.

·Македонија
УХМР: Облачно и постудено, повремени врнежи — снег на повисоките планини

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува претежно облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд, при што врнежите ќе бидат пообилни во југоситочните делови на земјата.

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Време во Скопје

Во Скопје ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Во котлината ветерот ќе биде умерен, а локално повремено засилен од север. Температурите во градот ќе се движат од минимални 11 до максимални 14 степени.

Минималните температури во земјата ќе се движат од 4 до 13 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 7 до 16 степени.

УХМР најавува дека променливото и постудено време ќе се задржи во текот на неделата.

Фото: МИА

Поврзани написи