Украина го отфрли предлогот за прекројување на Донбас
Кијив ја одби идејата да се сведе Донбас на линијата на фронтот, поради загриженост дека тоа ќе ѝ даде симболична победа на Москва.

Украина го одби американскиот предлог за прекројување на административните граници на Донецк и Луганск, со образложение дека ваквиот потег би му дозволил на Москва да претендира на голем дел од Донбас без да ги освои градовите што сè уште ги држат украинските сили.
Предлогот ја следел линијата на фронтот на хартија
Според предложеното, административните граници на двата региона би биле стеснети на хартија за да ја следат линијата на борбите, додека преостанатите слободни области би биле исклучени од дефиницијата на Донбас. Таквото решение би му дало на Владимир Путин симболична победа, велат критичарите.
Иницијативата ја презентираа специјалните пратеници на Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои се обидоа да ја заобиколат руската намера Киев да му предаде околу 5.000 квадратни километри територија што руските сили не ја освоија на терен.
Киев веднаш го отфрли предлогот. „Украинската делегација никогаш не разговараше за отстапки за окупираните територии. Украина никогаш нема да го признае тоа, ниту де факто, ниту де јуре. Тоа отсекогаш била нашата позиција на масата“, рече неименуван извор од украинскиот преговарачки тим.
Украинските власти нагласуваат дека нема да прифатат договор што практично ги преиначува административните граници за да ги задоволи барањата на окупаторот, што покажува колку територијалните прашања остануваат главна пречка за мировен договор.
Фото: прес-материјал од настанот


