Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ официјално го состави Извршниот комитет
Елена Ивановска генерален секретар, потпретседателки од министерството и од Геронтолошкиот завод.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на ова партиско тело, Марија Митева, која оцени дека тоа е „тим составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство“.
За генерален секретар на Унијата е избрана Елена Ивановска, која во моментов ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за образование и наука. За потпретседателки се избрани Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, и Ленче Нелоска, директорка на Геронтолошкиот завод во Скопје.
Во новиот Извршен комитет членуваат и оперската уметница Ана Дурловска, доцентката и специјалист по дерматовенерологија Мирела Василева, новинарката Ана Шутиновска Лазаревска, етнокореологот Љупка Стефановска, како и повеќе експерти, професори, лекари, правници, директори на јавни институции, пратенички и градоначалнички.
Меѓу членовите се и Марија Карапанчева, Андреа Ѓошевска, Надица Андреева, Ружица Николовска, Даниела Димовска, Елена Кочоска, Ирена Алексиоска Папестиев, Маре Богева Мицовска, Наташа Јанушева, Билјана Кузманоска, Ивана Лазаревска, Дијана Илиевска, Драгана Арсова, Катерина Димитровска, Анета Марковска Илиевска, Даниела Трпеска, Марија Нацева, Бети Стаменкоска Трајкоска и Наталија Димитриева.
Митева порача дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ „ќе продолжи да работи на создавање можности за поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот, јакнење на женското лидерство и нивно активно вклучување во процесите што придонесуваат за развојот на државата“.
Партијата истовремено избра претседатели на низа општински комитети како дел од пошироките организациски промени.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ