Почетна
Македонија

Уролози во Велес: камчиња и тумори во уринарниот тракт почести кај мажите

Статистика од трибина на Мовембер Велес покажува дека над половина од дијагнозите и мнозинството операции поради калкулоза се кај мажи.

·Македонија
Уролози во Велес: камчиња и тумори во уринарниот тракт почести кај мажите

На трибината за машко здравје во Велес, организирана од Мовембер Велес, уролозите предупредија дека камчињата и туморите во уринарниот тракт во Македонија почесто се регистрираат кај мажите и дека навремено барање лекарска помош е клучно.

Присутните го изнесоа и конкретниот број: 52 отсто од дијагнозите калкулоза се кај мажи, а 48 отсто кај жени. Кога се зборува за оперативни зафати поради калкулоза, 60 отсто од пациентите се мажи, а 40 отсто се жени.

Дијагностика уште на првите сигнали

„Повеќето од нас се соочиле со овој проблем, можеби не лично, но преку некој близок, роднина, пријател или сосед. Бројките покажуваат дека станува збор за поголем проблем кај мажите. Тоа е дијагноза што често се појавува кај популацијата. Болката предизвикана од калкулоза е трета по силина, по породилните болки и очеболот. Важно е навремено да се побара лекарска помош. На појавата на калкулоза влијаат и генетската предиспозиција и ендемските подрачја, во кои спаѓа и Македонија, поради квалитетот на водата и хемискиот состав на почвата. Таа може да се појави и поради хормонални нарушувања на надбубрежната жлезда и на хипоталамусот. Затоа е важно навреме да се направи дијагностика уште при појавата на првите симптоми. Се вршат основни испитувања: крвна анализа, ехо-преглед на уринарниот тракт и рендген. Доколку резултатите се позитивни, се прави и компјутерска томографија. Наместо да се лекуваат, пациентите понекогаш тргнуваат по алтернативни патишта – одат во едно прилепско село, користат чаеви, но бидејќи болката не минува, освен ако камчињата не се исфрлат преку мокрењето, на крајот повторно се враќаат кај уролог. Камчињата може да се отстранат со ласер или со хируршки рез“,

изјави д-р Влатко Ристов, уролог во Општата болница Велес, и додаде дека клиничкиот пристап подразбира и објаснување на ризиците и опциите за лекување.

На трибината беше упатен апел до мажите да не ги игнорираат симптомите: наместо да се надеваат на народни лекови, да направат основни испитувања и да побараат стручен преглед за да се избегнат компликации.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи