Утре променливо облачно со сончеви периоди, максимални 13–20 степени
Денес променливо облачно со сончеви периоди и засилен северозападен ветер; утре температури од 13 до 20 степени.

Денеска ќе владее променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој на места вдолж поширокото Повардариe повремено ќе биде силен со брзина од над 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 10 степени Целзиусови, а дневните од 8 до 18 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно со сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а во делови од котлината повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од 3 степени наутро до околу 14 степени во текот на денот.
Прогноза за утре
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозапад, кој наместа вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде од 13 до 20 степени.
Од петок, како и во текот на викендот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Фото: прес-материјал од настанот


