Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово, градоначалникот бара брза истрага
Градоначалникот Максим Димитриевски побара од истражните органи брза постапка и изведување пред лицето на правдата по вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, упати остра реакција по повод вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во градот и побара брза реакција од надлежните истражни органи.
Тој побара да се утврди идентитетот на сторителите и да бидат соодветно санкционирани.
Димитриевски: Куманово е град на мултикултура
„Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез" во Куманово! Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата", изјави Димитриевски, повикувајќи на итна акција од полицијата и правосудните служби.
Градоначалникот нагласи дека ваквите чинoви го нарушуваат јавниот мир и немаат врска со љубовта кон земјата, туку подгреваат поделби во општеството.
„Куманово од секогаш бил град на мултикултура и соживот, таков и ќе остане, ваквите дејствија не се патриотизам туку чист шовинизам кој подгрева национална нетрпеливост против која се сите граѓани на Куманово", додаде тој, повикувајќи на соодветни санкции за сторителите.
Фото: прес-материјал од настанот