Почетна
Македонија

Веб‑апликација за странските возачи за проверка и плаќање на казните од „Безбеден град“

Странските сопственици на возила со странски таблички можат да проверуваат и да плаќаат казни од системот „Безбеден град“ преку нова веб‑апликација.

·Македонија
Веб‑апликација за странските возачи за проверка и плаќање на казните од „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека ставена во функција е веб‑апликација со мобилен интерфејс — „Безбеден град“, наменета за странските државјани кои се сопственици или возачи на возила со странски регистарски таблички.

Што нуди апликацијата

Странските државјани преку апликацијата ќе можат директно да добиваат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани преку системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози и да ги подмират глобите електронски.

"При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што тој ги користи во нашата држава", соопшти МВР .

Како што објасни Министерството, со пополнување на бараното, возачите чиј автомобил е евидентиран дека сторил прекршок на територијата на државата ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска.

МВР посочува дека апликацијата треба да го намали потребното задржување на граничните премини и да им овозможи на странските возачи да ги подмируваат казните без дополнителни административни процедури.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи