Вембањама 50 поени, Спарс 114:91; Бриџис со тројка за Никс
Вембањама заврши со 50 поени, 19 скока, пет блокади и четири украдени топки; Бриџис донесе победа за Никс

Виктор Вембањама постигна 50 поени и доминираше против Њу Орлеанс во убедлива победа на Сан Антонио Спарс од 114:91 на 22.11.2026. Францускиот центар заврши со 50 поени, 19 скока, пет блокади и четири украдени топки.
Вембањама беше непрекинлив во првото полувреме, каде што забележа 32 поени пред паузата. Јубилејните 50 поени ги постигна со тројка на шест минути и 29 секунди пред крајот, по што тренерскиот штаб го повлече од игра.
Со тој настап тој стана првиот кошаркар оваа сезона кој уште во првото полувреме остварил најмалку 30 поени, 10 скока, три блокади и три украдени топки.
За Сан Антонио ова беше 14-та победа во последните 15 натпревари и тимот го подобри билансот на 14 победи и три порази. Пеликанси претрпеа трети пораз по ред.
Бриџис со тројка на сирената ја обезбеди победата за Никс
Њујорк Никс извлекоа тесна победа од 97:96 над Портланд Трејлблејзерс благодарение на Мајкл Бриџис, кој погоди тројка со звукот на сирената и спречи пресврт на гостите.
Брансон беше најефикасен кај Њујорк со 30 поени, додека Лендрі Шамет додаде 20. Кај Портланд, Донован Клингaн постигна 22 поени и имаше 13 скока, Авдија заврши со 20, а Демијан Лилард со 15 поени. За Никси ова беше четврта победа по ред.
Останати натпревари: Далас – ЛА Клиперс 110:100; Минесота – Мемфис 104:95; Бостон – Сакраменто 96:97; Сан Антонио – Њу Орлеанс 114:91.
Објавено 22.11.2026 8:02. Напишал: Saso Kuzmanovski.
Фото: San Antonio Spurs (X)


