Почетна
Магазин

Веро Центар домаќин на „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ на 3 и 4 октомври

Дводневна манифестација во Веро Центар со кулинарни натпревари, презентации и хуманитарни донации.

·Магазин
Веро Центар домаќин на „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ на 3 и 4 октомври

Веро Центар ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал "ИНТЕРФЕСТФУД 2026" на 3 и 4 октомври 2026 година. Настанот трае два дена, од 10:00 до 18:00 часот, а организатори и реализатори се Веро Центар и ХОА – Ангелчиња.

Програма и натпревари

Првиот ден, на 3 октомври, ќе понуди низа гастронoмски натпревари и ревијални содржини: подготовка на национално јадење во котле, декорација на десерт „Black Box“, натпревар во подготовка на месо на скара, приготвување на баници и пити на лице место, презентации на национални кујни, како и ревијална изложба на ситни колачи и слатки пити. Во рамки на денот ќе работи и Гастро пазар, а програмата ќе ја дополнуваат музички и културни цели.

Фестивалот има и хуманитарен карактер: производите од ревијалниот изложбен дел, како и подготвените пити и баници, ќе бидат донирани на хуманитарната организација Св. Спас, со што на настанот му се додава и општествена вредност.

На 4 октомври програмата продолжува со Гастро пазар, натпревар во декорација на мали торти помеѓу ученици од основни училишта, натпревар во брзо јадење десерти и концерт на ученици од Музичкото училиште „Андријана Јаневска“.

Целта на „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ е да овозможи размена на искуства меѓу учесниците, да го поттикне натпреварувачкиот дух и соработката во гастрономскиот сектор, како и да создаде простор за дружење на посетителите со домашните и меѓународните учесници и реномирани шефови и судии. Фестивалот е наменет за професионалци од угостителството и слаткарството, ученици, излагачи од гастрономскиот и туристичкиот сектор, како и за пошироката јавност.

Веро Центар и Хуманитарната организација „Ангелчиња“ ги покануваат граѓаните на 3 и 4 октомври да присуствуваат на „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ и во два фестивалски дена да уживаат во традиционални вкусови, натпревари, презентации, музика и хуманитарни активности.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи