Почетна
Македонија

Владата со ново задолжување — побара 70 милиони евра од домашна банка

Одлуката за задолжување од 70 милиони евра кај Шпаркасе е објавена; државата претходно се планираше да позајми 150 милиони евра на странските пазари.

·Македонија
Владата со ново задолжување — побара 70 милиони евра од домашна банка

Владата одлучи да се задолжи на домашен извор — да побара 70 милиони евра кредит од Шпаркасе банка за покривање на буџетските потреби. Одлуката е објавена во базата на правни акти на Владата.

Точните услови под кои ќе бидат повлечени средствата треба да се содржат во договорот меѓу државата и банката. Ова задолжување се надополнува со другите извори на финансирање што ги користи државата — издавање државни хартии од вредност на домашниот пазар и задолжување на странските пазари.

Мини еврообврзница и амандманска расправа

Паралелно, државата пред извесно време донесе одлука да се задолжи и на странските пазари со мини еврообврзница од 150 милиони евра со камата од 5,25 отсто за враќање на надворешен долг. Министерката за финансии Кочоска на презентацијата на новиот ребаланс рече дека првично планираната сума требало да биде повисока, но поради состојбата на пазарите е намалена.

Одлуката за заемот доаѓа во период кога во Собранието тече амандманската расправа за ребалансот на државниот буџет. Меѓу главните теми се новото задолжување, поддршката на домашните компании, капиталните инвестиции и дефицитот.

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи остро го критикува владинето: "Прочитајте го буџетот и ќе видите како ги кратите парите за домашните компании. Го сменивте законот за финансиска поддршка и по тој основ на 170 фирми им должите 750 милиони денари, за годинава требаше да потпишете 210 нови договори, според моите информации 90 отсто од овие договори се блиски до ВМРП ДПМЕ. И уште нешто, прашајте ја министерката денеска зошто 70 милиони евра од домашните банки зошто ги зема, оти нема пари," рече Фатмир Битиќи.

Од ВМРО‑ДПМНЕ контрираа преку пратеникот Бране Петрушевски: "Во ваше време само струмички компании преку Фондот за иновации добиваа помош, а во однос на Бехтел и енка и коридорите 8 и 10 Д, не знам што вие сте направиле, освен една мајчка и една димна бомба и ниту шајка немавте заковано," изјави Бране Петрушевски.

Со новиот ребаланс кај дефицитот нема промени — останува на 4,1% од БДП. Јавниот долг сега изнесува скоро 59% од БДП, а во документите е предвидено дека до 2028 година ќе го надмине 60% и ќе се искачи над црвените линии. Приходите и расходите се намалени по 86 милиони евра, при што најголеми намалувања има во секторите енергетика и животна средина. Проекцијата за раст е 3,5%, а инфлацијата 3,8%.

Текст: Ирена Чачкова.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи