Почетна
Македонија

Владината програма за 35 години независност чинела 5,54 милиони евра

81-страничниот извештај презентиран од портпаролката Марија Митева ги ги разгледува трошоците за 18 настани во 13 градови.

·Македонија
Владината програма за 35 години независност чинела 5,54 милиони евра

Владата објави дека програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста чинела вкупно 5,54 милиони евра (340.509.749 денари). Извештајот беше презентиран од портпаролката на Владата Марија Митева и е доставен од компанијата задолжена за реализација на активностите.

Документот има 81 страница и ги содржи концептите на програмата, продукциските и логистички подготовките, списокот на ангажирани уметници и соработници, како и финаниската рамка за 18 настани одржани во 13 градови.

Како се распоредени средствата

Според финансискиот извештај, најголем дел од средствата отишол за хонорари на артисти и изведувачи — 2,1 милион евра (129.307.500 денари). За продукција се прикажани 1,56 милиони евра (96.272.512 денари), за логистика 951 илјада евра (58.527.037 денари), а за хонорари на соработници 871 илјада евра (53.570.250 денари). За маркетинг се издвоени најмалку — 46 илјади евра (2.832.450 денари).

Митева посочи дека основна определба на програмата била македонските уметници да имаат централно место во одбележувањето. Како еден од најобемните сегменти беше наведена музичко-сценската копродукција „Силно светнал ден“, реализирана во соработка со ОХО.

Караванот минал низ 11 градови: Охрид, Битола, Велес, Крушево, Куманово, Штип, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Пробиштип и Скопје. На проектот, кој вклучуваше LED-под на сцената, биле ангажирани 41 македонски вокален изведувач, 20 танчери и актери и оркестар од 15 музичари.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи