Почетна
Македонија

Влен го осудува глорифицирањето на Ратко Младиќ — посочува на раководител на институција, но не и на партијата

Влен го осудува глорифицирањето на Ратко Младиќ, но во соопштението повеќе укажува на раководител на институција отколку на партиската објава.

·Македонија
Влен го осудува глорифицирањето на Ратко Младиќ — посочува на раководител на институција, но не и на партијата

Влен најостро го осудува секое глорифицирање на четниците, а особено на Ратко Младиќ, осуден за геноцид и други тешки злосторства, кој, како што се наведува, почина вчера во Хаг, се вели во реакцијата на владејачката партија по појавата на неколку објави на социјалните мрежи во кои се велича неговиот лик.

Од Влен посочуваат дека најголема загриженост предизвикуваат ваквите содржини кога доаѓаат од лица со јавни функции или од лидери на институции, и додаваат дека тоа не е само прашање на лични убедувања туку на стандардите што тие ги испраќаат до граѓаните.

Конкретното упатување во соопштението

Во соопштението стои: „Уште позагрижувачки е кога вакви содржини се објавуваат од страна на раководител на институција чија задача е да ги штити правата на Албанците и на другите заедници. Ова не е прашање на лични вкусови или убедувања. Ова е прашање на стандардите на еден јавен функционер и на пораката што институциите им ја испраќаат на граѓаните. ВЛЕН бара итна одговорност. Оној кој не ги почитува жртвите и вредностите на соживотот не може да биде гарант на правата на заедниците“,

Реакцијата доаѓа по обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека Влен молчи за постот на нивниот коалициски партнер во владата — Демократската партија на Србите во Македонија — кој ја третира смртта на Младиќ со пиетет.

Меѓутоа, при внимателно читање, соопштението на Влен повеќе се однесува на објавите на Далибор Китановиќ, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, отколку на текстот што на Фејсбук го сподели партијата на актуелниот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ.

На Фејсбук-профилот на партијата на министерот, во текст објавен на српски јазик, меѓу другото е наведено дека Младиќ бил „војник, генерал и човек, кој целиот свој живот го ставил во служба на војската и на народот на кој припаѓа“. Актулениот директор на Агенцијата, Далибор Китановиќ, објави фото-композиција на Инстаграм на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, а со големи букви е напишано: „Генерални на небеската војска“.

Опозициските партии СДСМ и ДУИ реагираа остро. Од СДСМ бараат одговори од премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека величањето на човек осуден за геноцид од страна на министер во Владата не може да се смета за приватен став. ДУИ дополнително бара политичка одговорност и разрешување на министри кои, според нив, го кршат ветувањето за интеграција и рамноправност.

Фото: Архива

Поврзани написи