Во центарот на Струга наместо катна гаража изграден деловен објект, граѓаните бараат одговори
Земјиштето, претходно државно и доделено со заклучок на Владата, требало да прими катна гаража, но на него е изграден деловен објект со подземни ископи.

Во самиот центар на Струга, на парцела каде што претходно беше најавено дека ќе се гради катна гаража од јавен интерес, на улицата „Пролетерски бригади“ никнала деловна зграда со изграденост до 100%, вклучувајќи и подземни делови, велат граѓани.
Жителите потсетуваат дека земјиштето порано било државно и го доделила самата Влада со заклучок. Според нив, првично било издадено одобрение за катна гаража, кое подоцна билo пренаменето за изградба на деловен објект.
Граѓаните прашуваат дали за дополнително ископаниот и изградениот простор под земја постои соодветна документација и дозвола, кој врши надзор над градежните работи и дали реалните активности одговараат на одобрението.
Улица оставена во небезбедна состојба
Според сведоштвата на соседите, дел од улицата во непосредна близина е оставен во небезбедна состојба, а на страна постои простор што изгледа како своеобразен „бункер“ со цел да се спречи сообраќајот на возила. Граѓаните тврдат дека тоа е направено од страв дека патот може да пропадне поради оптоварувањето иради дополнителните ископи под земја.
Тие бараат јасни одговори: која институција ја обезбедува улицата, дали изведувачот има одобрение за изведување на овие активности и кој ќе сноси одговорност за евентуалните штети на улицата, тротоарот или на блиските објекти.
До овој момент, според граѓаните, нема јавно објаснување или повлекување на документи од надлежните, а барањата за надзор и расчистување на околностите остануваат неодговорени.
Фото: прес-материјал од настанот


