Почетна
Македонија

Во комплексот „Треска“ во Центар се издадени 11 одобренија — влез ќе биде преку тесни улици, МВР го одби излезот на бул. Теодосиј Гологанов

За пристап е предвидено да се користат Владимир Полежановски и продолжение кон Рузвелтова; излез на Теодосиј Гологанов не е одобрен.

·Македонија
Во комплексот „Треска“ во Центар се издадени 11 одобренија — влез ќе биде преку тесни улици, МВР го одби излезот на бул. Теодосиј Гологанов

Во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје се градат повеќе таканаречени згради‑наполитанки; дел од фасадите веќе се довршуваат, становите се понудени за продажба и комплексот се пласира како луксузен проект. Во планот не е предвидена градинка.

Од Општина Центар велат дека досега се издадени 11 правосилни одобренија за градење, потпишани за време на мандатот на градоначалникот Горан Герасимовски.

На прашањето како ќе се организира сообраќајот на влез и излез од комплексот, кабинетот на градоначалникот упати кон Деталниот урбанистички план и одговори: „Сообраќајното решение за влез и излез на новите станари, како и изградбата на нови улици во комплексот 'Треска', се предвидени согласно важечкиот Детален урбанистички план“.

Влез преку тесни улици и одбиен излез на бул. Теодосиј Гологанов

Според важечкиот ДУП, пристапот до комплексот е предвиден преку улицата Владимир Полежановски — тесна сообраќајница на која сегашното просторно решение дозволува тешко разминување на два автомобила. Исто така предвидено е продолжување на улицата Борка Талески низ комплексот така што таа би излегувала на Рузвелтова, што ќе го зголеми сообраќајниот притисок во населбата.

Општина Центар побарала пробивање на улица што би излегувала на булеварот Теодосиј Гологанов и добила согласност од Град Скопје, но Министерството за внатрешни работи го одбило тоа сообраќајно решение и не дало дозвола за излез на булеварот.

Изградбата на првата зграда започна во 2023 година, во првиот мандат на Герасимовски, што значително го намали последниот слободен простор во центарот. Критичари потсетуваат дека предходно, во 2017 година, тогашниот градоначалник Саша Богдановиќ во соработка со Асоцијацијата на архитекти распишал конкурс од кој излегоа три идејни решенија со полуотворен концепт, градинка и зеленило.

Во 2021 година Горан Герасимовски, како кандидат за градоначалник, го поништи тој конкурс пријавувајќи го за незаконски и тврдејќи дека не може на сопствениците да им се забрани да дооформуваат парцели и да бараат дозволи. Потоа почнаа постапки за распродажба на државно земјиште, фирми како „Голден Арт“ и „Мега и Акустик“ дооформија парцели за да добијат дозволи, а градежните активности продолжуваат 24/7. Опозициската иницијатива "Шанса за Центар" тврди дека одлуките на општината фаворизираат градежни компании пред јавниот интерес.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи