Во Русија почнуваат изборите: вклучени и жители на анектираните украински територии
Околу 111 милиони имаат право на глас, Единствена Русија е фаворит додека антивоените гласови се ставени под притисок.

Во Русија викендов се одржуваат избори за Државната дума, а истовремено се спроведуваат и локални избори во повеќе региони. Околу 111 милиони граѓани имаат право на глас, а за првпат во изборниот процес се вклучени и жители на украински територии кои Русија ги анектираше во 2022 година.
„Единствена Русија“ фаворит, изборната сцена под засилен надзор
Владејачката партија „Единствена Русија“ се очекува да го задржи доминантното место во парламентот. Изборната кампања се одвива во услови на засилен политички надзор: партијата што најотворено го критикуваше воениот конфликт беше отстранета од изборната трка, а дел од антивоените политичари се во затвор или ја напуштиле земјата.
Војната во Украина и нејзините последици сепак остануваат важна тема за дел од руските гласачи, особено по нападите со дронови врз инфраструктурата и енергетските објекти кои ја засилија загриженоста за економијата и безбедноста.
Дел од жителите на Москва велат дека очекуваат промени и поголемо внимание кон економските и социјалните последици од конфликтот.
– Би сакал да видам некакви промени. Да видам некоја друга партија , вели жител на Москва.
Репортер: Што подразбирате под ’друга партија‘?
Жител: Па, друга партија. Не онаа што моментално е на власт.
Репортер: Но, зар нема пет или шест такви?
Жител: Па, не онаа што контролира апсолутно сè, одговара тој.
Фото: прес-материјал од настанот


