Почетна
Македонија

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

Градот најави низа авионски и теренски третмани, вклучувајќи и операција на 21 август во раните утрински часови.

·Македонија
Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

Вечер во Скопје ќе се изврши 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

- Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје, одобрен од здравствените власти - се додава во објавата.

Градоначалникот потсети дека и претходно оваа сезона се реализираа повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми.

- Дезинсекција против ларви: 7 мај - авионска дезинсекција, 11 јуни - авионска дезинсекција, 26 јуни - теренска дезинсекција, 10 јули - авионска дезинсекција, 23 јули - теренска дезинсекција, 11 август - теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни форми на комарци: 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција, 13 и 15 јули - теренска дезинсекција, 30 и 31 јули - авионска дезинсекција, 4 и 6 август - теренска дезинсекција. До крајот на сезоната, ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци - најави Ѓорѓиевски.

- Продолжуваме навремено и системски да работиме на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните - додаде скопскиот градоначалник.

Од градот велат дека активностите се спроведуваат согласно однапред утврдена динамика, во координација со здравствените власти и во рамките на Годишната програма за превенција и заштита.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи