Почетна
Македонија

Во три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, приведени 43 лица

МВР: Меѓу регистрираните прекршоци се 456 за пречекорена брзина и 385 за неправилно паркирање.

·Македонија
Во три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, приведени 43 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатите три дена се регистрирани вкупно 1.621 сообраќаен прекршок.

Од вкупниот број на прекршоци, 456 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а биле евидентирани и 385 случаи на неправилно паркирање.

Приведувања и одземања возила

Во рамки на контролите приведени се 43 лица за безобѕирно управување со возило: двајца за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола и двајца поради претходно изречена забрана за возење. Дополнително се изречени 28 санкции за возење под дејство на алкохол, а 19 возила се одземени согласно член 300-б од Кривичниот законик.

„Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 159 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 105 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 17 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а седум заради техничка неисправност. Санкционирани се и четири возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, велат од МВР и додаваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови.

Од МВР потенцираат дека засилените сообраќајни контроли ќе се одржуваат и понатаму со цел намалување на ризиците и зголемување на безбедноста на патиштата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи