Вработените во Нвидиа бараат враќање на Џенсен Хуанг по неговата оставка
Интерна објава собра повеќе од 1.600 коментари во кои мнозинството повикуваат управата да ја разгледа желбата на персоналот по оставката на 12 ноември.

Во „Нвидиа“ расте притисокот од вработените да се врати Џенсен Хуанг, откако на интерна објава во компанијата се собрале повеќе од 1.600 коментари поддршка за негово повторно назначување.
Поста го започнал долгогодишен инженер уште пред Хуанг да поднесе оставка, повикувајќи го Управниот одбор да ги чуе мислењата на вработените пред да донесе конечна одлука. По оставката на Хуанг на 12 ноември, пораките за поддршка станале уште почести.
Барања за објаснување и втора шанса
Еден од вработените напиша: "Ако верувате во мисијата на компанијата, вратете го шефот". Други порачале дека сите луѓе прават грешки и дека Хуанг, со оглед на она што го направил за компанијата, заслужува втора шанса. Дел од персоналот побарал раководството да даде појаснување за околностите на неговото заминување.
Хуанг поднесе оставка на 12 ноември по објавувањата за негови вонбрачни врски и извештаи за наводна поврзаност на една од жените со кинеските разузнавачки служби. Тој призна дека бил неверен на сопругата, додека дополнителните обвинувања се уште се предмет на истраги и медиумски извештаи.
Неговото заминување донесе неизвесност во компанијата која тој ја основа во 1993 година и ја водеше повеќе од три децении, а која израсна во еден од главните двигатели на глобалниот развој на вештачката интелигенција. Колет Крес, досегашната финансиска директорка, е назначена за привремена извршна директорка додека Управниот одбор бара постојан наследник; засега нема индикации дека бордот ја разгледува можноста за враќање на Хуанг.
Фото: прес-материјал од настанот


