ВРЕДИ: ДУИ сама признава дека функционира како озлогласено политбиро
ВРЕДИ тврди дека внатрешниот круг на ДУИ се обидува да го контролира случајот со Артан Груби додека контрадикторните пораки го зголемуваат ризикот за врвот.

Граѓанската организација ВРЕДИ предупредува дека во ДУИ се чувствува растечка нервоза и дека партијата во практика функционира како затворено политбиро, додека внатрешниот круг настојува да го контролира наративот околу случајот со Артан Груби.
Од ВРЕДИ велат дека во партијата се појавуваат контрадикторни пораки: едни не сакаат ни името да му го спомнат, други тврдат дека против Груби нема докази. Според нив, Али Ахмети „демек му кажал да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба“, а веднаш потоа рече дека "првото нешто" е Груби да биде ослободен од куќен притвор.
Непредвидливост и ризик за врвот на ДУИ
ВРЕДИ предупредува дека Ахмети се наоѓа пред политичка дилема: доколку остане настрана и го поддржи Груби, ќе го преземе политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата; ако пак реши да го пушти низ вода, ризикува да се отвори "црната кутија" и да прозбори за работи што со години се случувале во врвот на партијата.
Организацијата ја опиша внатрешната состојба со директна констатација: „Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот. И додека Ахмети се заплеткува во сопствените приказни, Бујар Османи и натаму чека во низок старт“.
Според ВРЕДИ, токму тоа — тесен круг што крои приказни, дели улоги и настојува да создаде впечаток дека сè е под контрола — ја открива растечката нервоза која партијата веќе не може да ја сокрие.
Фото: прес-материјал од настанот