Почетна
Свет

За една топка сладолед Германија — 7,4 минути работа, Грција — 20,9 минути

Според анализа опфатена десет земји, Германците работат 7,4 минути за една топка, а Грците 20,9 минути.

·Свет
За една топка сладолед Германија — 7,4 минути работа, Грција — 20,9 минути

Анализа која опфати десет европски земји покажува големи разлики во тоа колку време просечниот работник треба да работи за да си дозволи една топка сладолед: во Германија тоа е најевтино — 7,4 минути работа, додека во Грција е најскапо и изнесува 20,9 минути, речиси трипати повеќе.

По Германија следуваат Обединетото Кралство со 9,3 минути, Белгија со 11,4, Италија со 13,2 и Франција со 14,5 минути работа за една топка. Во Турција, Полска и Шпанија се потребни околу 15 минути, а во Португалија 16,6 минути.

Просечната цена на една топка сладолед во земјите опфатени во анализата се движи од 1,15 до 4,10 евра. Највисоки цени се забележани во Обединетото Кралство, а најниски во Турција, но цените многу варираат во зависност од градот, туристичката локција, големината на порцијата и видот на слаткарницата.

Во туристичките центри разликите се посилно изразени

На популарните грчки острови една топка може да чини меѓу 4 и 6 евра, додека во туристичките места во Турција цената често се движи од 1,85 до 2,20 евра — повисоко отколку во Истанбул.

Производителите наведуваат дека сладоледот поскапел во последните години поради повисоки трошоци за енергија, суровини и закуп на деловен простор. Во Грција производителите истакнуваат дека цените се зголемиле за околу 20 проценти од 2020 година, но дека растот на производствените трошоци се стабилизирал во текот на 2026 година.

Според податоците на Евростат, цените на сладоледот, замрзнатите десерти и сорбетите во Европската Унија во јуни 2026 година биле во просек 0,4 проценти пониски во однос на истиот период лани. Најголем пад е регистриран во Португалија, додека најголемо поскапување има во Литванија и Романија. Аналитичарите предупредуваат дека тоа не значи враќање на цените од пред неколку години, туку само мало намалување во споредба со минатата година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи