Почетна
Македонија

За сега ДДВ-то за горивата останува непроменето

Министерката Димитриевска Кочоска: за сега ДДВ-то на горивата останува непроменето додека владата ја следи ситуацијата.

·Македонија
За сега ДДВ-то за горивата останува непроменето

Цената на нафтата на светските берзи вчера достигна нов рекорд по влошените односи меѓу Иран и Обединетите Арапски Емирати, но македонските власти засега не планираат промена на даночниот третман на горивата.

Министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочоска, порача дека владата ќе ја следи состојбата, но во овој момент не разгледува намалување на данокот на додадена вредност за бензин и дизел.

Гордана Димитриевска Кочоска министерка за финансии: „Во овој момент немаме такви планови. Но тоа не значи дека тоа нема да се промени. Ги следиме состојбите, ќе видиме како ќе биде и ќе носиме одлуки на сединиците на влада.“

Регулаторот веќе го зголеми малопродажното ниво

Во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на горивата во земјава, која ќе важи седум дена: бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот за два денари.

Регулаторот ги поврзува последните корекции со турбулентните движења на светските нафтени пазари во деновите пред одлуката. Надлежните предупредуваат дека ако ситуацијата на Блискиот исток не доживее пресврт, може да следува ново зголемување и наредниот понеделник.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи