Западниот Балкан во променливиот геополитички поредок — проширувањето повторно во фокус
Експерти велат дека глобалните сили и пресвртот од 2019 ја комплицираат интеграцијата на регионот.

Иднината на проширувањето кон Европската Унија и позицијата на Западен Балкан во новиот светски поредок беа во фокусот на денешната јавна дискусија „Западен Балкан во променливиот геополитички поредок“.
Професори: не само институциите на ЕУ, туку и глобалните сили ги менуваат правилата
На дискусијата Јоанис Армаколос, професор на грчкиот Универзитетот на Македонија, истакна дека Европа не може да се гледа низ призмата на деведесеттите години и дека сегашниот период ќе донесе различна геополитичка реалност.
Армаколос рече: „Европа има проблеми, нема толку прогрес, политичката слика е комплицирана и таа е економски ранлива. Има различни нон-пејпери и слично, реформи, особено економски. Добро е што се бараат начини. Не зборувам за комплицирани работи за влез во ЕУ, туку дали имаме политички момент во Европа. Ние сме добри за зборување, но не и за правење работи. Поради ваквата состојба мислам дека ќе има фрустрации, како што имаше фрустрации од Македонија.Јас би сакал да живеам во Европа и САД, но сега почнуваат правилата некако да ги кројат САД и Кина."
Од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Александар Спасов се осврна на политичките пресврти во Европа и нивното влијание врз регионот. Тој потсети на оптимизмот од 2017 година и ја посочи 2019 година, кога францускиот вето го промени текот на процесот.
Спасов подвлече: „Во 2017 година имаше проценка дека почнува нова ера во Европа. Сите се надевавме на подобро и почна геополитички процес. Почна 2019 година кога беше францускиот вето. Сите збореа дека ова ќе биде привремено, сите ќе зборуваат со Макрон, но видовме дека ова не е привремено. Видовме дека немаше само едно прашање, туку поширок геополитички контекст."
И покрај неизвесностите, Спасов нагласи дека европската интеграција останува крајната перспектива: „На крајот нема друга опција освен интеграција. Се надеваме дека ќе се најде начин да го отворат патот," дополни Спасов.
Фото: прес-материјал од настанот


