Западнонилска треска се шири во земјата — 56 случаи и седум смртни случаи
56 потврдени случаи до 1 септември и седум смртни исходи во последните месеци ги засилија критиките за контролата на комарците.

Државата бележи поразителна статистика со западнонилска треска: седум лица починаа само во последните неколку месеци, а во изминатите 15 години се регистрирани десетина смртни исходи.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека негативниот тренд на починати и заразени го погодува речиси цела Европа и посочи дека општините ги презеле сите потребни активности за спречување на ширењето на комарците. Од опозицијата, пак, обвинија дека земјава е лидер во Европа по бројот на заразени во однос на бројот на жители и нагласија дека не се преземени сите потребни мерки во главниот град, со што упатија критики кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„ Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата – се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати... Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција и Романија. Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе еск алира. Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски", велат од СДСМ.
Хоспитализации и заразени птици
Според последните информации, околу 20 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Претходно, Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека биле регистрирани и заразени птици, од кои една била пронајдена во близина на Драмскиот театар во Карпош.
Полемиката меѓу власта и опозицијата го одразува растечкиот јавен притисок за поинтензивни мерки за контролa на комарците и побрза реакција додека здравствените служби продолжуваат со третман и следење на новите случаи.
Фото: прес-материјал од настанот


