Затворски полицаец од Струмица приведен за трговија со дрога, нелегално оружје и кражба
Р.С. е приведен при обид за продажба на кокаин пред Затвор Струмица; претресите донесоа нови докази и учестив притвор од 30 дена.

Полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 50-годишниот затворски полицаец Р.С. откако, како што соопшти МВР, тој надвор од Затвор Струмица бил фатен обидувајќи се да продаде кокаин.
Најдени дрога, куршуми и паричник од пријавена кражба
При обидот за продажба кај пријавениот биле пронајдени три пакувања со кокаин. По дополнителни мерки, претресите во неговиот дом и во службените простории кои ги користел во затворот откриле повеќе пакувања со кокаин, пакување со марихуана и дигитална вага.
Во службениот ормар што му бил на располагање биле пронајдени и куршуми за пиштол во количина поголема од онаа што му била задолжена како затворски полицаец. При претресот бил пронајден и паричник кој потекнува од кражба пријавена на 21.11.2026 година.
За преземените мерки бил известен јавен обвинител, а Р.С. бил задржан во Полициската станица Струмица. По поднесување на кривична пријава, тој бил изведен пред надлежен судија кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Полицијата наведува дека 50-годишниот полицаец ќе одговара за: “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „кражба“.
Фото: прес-материјал од настанот


