Почетна
Македонија

Здравство бара од ДСЗИ да изврши инспекциски надзор по случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска

Здравство иницира надзор и ќе формира стручна комисија по јавниот опис на третманот што предизвика загуба на плодот.

·Македонија
Здравство бара од ДСЗИ да изврши инспекциски надзор по случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска

Министерството за здравство побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да спроведе инспекциски надзор поврзан со третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска, која тврди дека го загубила плодот во 24. недела од бременоста по посети во повеќе здравствени установи.

Инспекциски надзор и формирање комисија

Во соопштението од Министерството стои: „Со внимание ги следиме и сочувствуваме со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, а поврзани со третпанот што го добила во текот на бременоста пред таа да заврши трагично со загуба на плодот. Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, веднаш инициравме барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицнскиот перисонал вклучени во случајот“.

Оттаму информираат дека по завршениот инспекциски надзор ќе биде формирана комисија за стручен надзор врз работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката. „Доколку во постапката на инспекцискиот надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, ќе постапиме во согласност со важечките законски прописи“, додаваат од Министерството.

Во својата објава на Фејсбук, Шавреска детално го опиша текот на настаните: првите болки ги почувствувала во Охрид, била прегледана во Струга, се вратила во Охрид, била згрижена во приватната болница „Плодност“, потоа се јавила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и на крајот добила помош во болницата „Систина“.

Министерството нагласува дека останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, особено во случаи со висок ризик и бремености со компликации.

Шавреска јавно се обрати до Министерството и до министерот и со тоа ги сподели своите искуства и здравствените контакти додека била во 24-тата недела од бременоста, која, како што таа тврди, завршила со загуба на плодот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи