Zeekr 9X пристигнува во Европа: 897 КС и шест луксузни седишта
Европската верзија на Zeekr 9X доаѓа со 900-волтна архитектура, 897 КС и луксузна шестседечна кабина.

Zeekr, премиум-брендот припаѓа на кинеската групација Geely, официјално ја претстави европската верзија на својот најголем и најлуксузен SUV — моделот 9X — кој ја носи технологијата и внатрешниот комфор со кои сака да ги предизвика европските премиум производители.
Силен хибрид, високи перформанси и брзо полнење
9X користи Super Hybrid систем: електрична архитектура од 900 волти, батерија со капацитет од 55 kWh и два електрични мотори, дополнети со дволитарски турбо бензински мотор кој функционира како генератор. Вкупната излезна моќност е 660 kW, односно 897 КС, а погон е на сите четири тркала.
Автомобилот тежи приближно 2,9 тони, но сепак забрзува до 100 км/ч за 4,1 секунда и има максимална брзина 240 км/ч. Zeekr наведува електричен домет од околу 179 км, а со вклучување на бензинскиот мотор комбинираниот опсег се зголемува на 737 км; податоците се прелиминарни и ќе бидат потврдени при хомологацијата.
Батеријата може да се полни од 10 до 80 проценти за девет и пол минути на соодветен DC полнач благодарение на 900-волтната архитектура. Производителот кажува дека европската верзија добива локализиран софтвер, хомологација по европските стандарди и сервисна поддршка преку официјалната европска мрежа.
Димензии: должина 5239 mm, меѓуоскино растојание 3169 mm и ширина повеќе од два метра. Внатрешноста нуди шест индивидуални седишта распоредени 2+2+2; предните седишта имаат 12-посционо електрично подесување, греење, вентилација и масажа, а вториот ред има електрични потпирачи за нозе и може речиси да легне. Межу седиштата е вграден фрижидер со прилагодлива температура.
На таванот е монтиран 17-инчен OLED екран со 3K резолуција што се спушта и може да се поместува така што сликата останува видлива во секоја позиција. Аудио-системот Naim содржи 32 звучници, два сабвуфери и осум тактилни актуатори. Пилотската конзола вклучува 13-инчен дигитален инструмент панел, два поврзани 16-инчни OLED дисплеја и AR проекциски екран од 47 инчи, но клучните контроли остануваат физички.
Системите за помош на возачот користат LiDAR на покривот, Nvidia процесори и низа камери и сензори, додека шасијата добива адаптивно воздушно потпирање со двојни комори и електронски контролирани амортизери. Постојат три стандардни режими — Comfort, Economy и Sport — и седум дополнителни режими за различни теренски услови.
Практичноста: багажник 677 литри (2148 литри со спуштени седишта) и носивост на приколка до два тона. Zeekr веќе работи во Хрватска, но 9X сè уште нема потврда за домашна продажба, ниту се објавени цени и точни датуми за испорака.
„Новиот Zeekr 9X е наш одговор на новата генерација купувачи на луксузни автомобили. Денес, повеќе од кога било, тие очекуваат повеќе од своето возило, а 9X е директен одговор на овие барања - дизајниран е во Европа за европски патишта“, рече извршниот директор на Zeekr Europe, Лотар Шупет.
Фото: Принтскрин/Икс