Почетна
Свет

Зеленски: Украина ќе продолжи напади врз руските рафинерии

Зеленски тврди дека САД ја повлекле разузнавачката поддршка и вели дека би ги запреле нападите ако добијат повеќе ракети „Патриот“.

·Свет
Зеленски: Украина ќе продолжи напади врз руските рафинерии

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии и ги обвини САД дека повлекле клучна разузнавачка поддршка за да го натераат Киев да ги запре операциите.

Зелeнски рече дека Украина ги ограничи нападите три дена по налог на Вашингтон, додека, како што тврди, Русија во меѓувреме продолжила да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура. "Украина ги ограничи ваквите напади три дена по налог на Вашингтон, додека Русија продолжи да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура. Готово е", изјави тој.

Тврдења за разузнавачки податоци и Старлинк

Зеленски рече дека американските партнери им кажале на украинските функционери дека ќе го прекинат споделувањето разузнавачки информации ако нападите не запреа, и додаде дека забавувањето на сателитските услуги на „Старлинк“, кои ги користи украинската армија, било намерно. "Американските колеги им кажаа на украинските функционери дека ако не ги запрете нападите, ќе ги блокираме разузнавачките информации", рече тој.

Претседателот додаде дека би го прифатил таканареченото енергетско примирје што Доналд Трамп го објавил во неделата доколку и Русија се придржува до него, но ја обвини Москва дека го игнорирала предлогот и продолжила со напади што оставиле стотици илјади Украинци без струја. Тој истакна дека Кремљ никогаш јавно не изјавил согласност со договорот.

Како услов за прекин на нападите врз руската нафтена инфраструктура, Зеленски сега побара повеќе ракети за воздушна одбрана „Патриот“ од САД. Тој рече дека Украина има недостаток од такви ракети бидејќи војната со Иран ги потрошила залихите.

Во односите со Вашингтон, Зеленски беше остар: "Не е моја работа да ги поправам односите помеѓу САД и Украина по настаните од изминатата недела. Ние не уништивме никаков однос", додаде тој, и го критикуваше договорот за руски дизел што Трамп го постигнал со Русија, опишувајќи го како подарок за Владимир Путин и инвестиција во војната на Москва.

"Трамп има афинитет кон автократски лидери како Владимир Путин. Прашањето е кога ќе биде следниот договор? Можеби ќе биде за гас. Дефинитивно ќе биде за гас", заклучи Зеленски.

Фото: Телеграм)

Поврзани написи