Почетна
Македонија

Земјоделци и сточари од Пелагонија и југозапад бараат средба со премиерот Мицкоски

Тие бараат итна средба со премиерот Мицкоски додека роковите за исплата на субвенции и проблемите со откупните цени се влошуваат.

·Македонија
Земјоделци и сточари од Пелагонија и југозапад бараат средба со премиерот Мицкоски

Земјоделците и сточарите од Пелагонија и југозападот бараат итна и директна средба со премиерот Мицкоски за да се изнајде решение кои ќе спречи, како што велат, целосен колапс на домашното производство.

По состанокот синоќа во Могила тие одлучија да пробаат уште еднаш преку дијалог да го решат проблемот. Меѓу клучните барања се комплетна исплата на сите задоцнети субвенции за житни култури од есенската сеидба 2024 година, итна распределба на картичките за зелена нафта, како и корекции во Програмата за субвенционирање за 2026 година.

Клучни барања

Целосна исплата и на заостанатите субвенции и кај сточарите. Тие порачуваат дека роковите истекуваат, а со сè поскапиот репроматеријал и увозниот притисок, и сточарството и следната сеидба се под голем знак прашалник.

Меѓу барањата е и стабилизацијата на откупната цена на млекото. Со сегашната состојба додаваат дека млекарството е на самото дно.

Барањата и официјалната покана за средба деновиве ќе бидат испратени до Владата. Земјоделците и сточарите порачуваат дека доколку не добијат позитивен исход, нивниот следен чекор ќе биде излез на протест со уште помасовен интензитет.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи