Почетна
Магазин

Жена паркира „Порше“ на мост и фрли ѓубре во Лепенец

Видео го прикажува моментот кога жена паркира „Порше“ на мост над Лепенец во близина на Канал 5 и ја фрла ќесата со отпад во реката.

·Магазин
Жена паркира „Порше“ на мост и фрли ѓубре во Лепенец

Видео кое утрово брзо се прошири покажува жена која го паркира своето „Порше“ на мост над реката Лепенец во Скопје, по што ќеса со отпад директно ја фрла во реката.

Каде е снимено и што се гледа

На снимката се гледа дека автомобилот е паркиран директно на мостот, во близина на телевизијата „Канал 5“, кај устето каде Лепенец се влева во Вардар. По паркирањето, жената расслабено фрла ќеса со отпад во коритото на реката.

Она што дополнително ја згрозува јавноста е нејзиното однесување по извршениот чин: наместо да се сокрие или да покаже срам, таа ладнокрвно се насмевнува и му мава на снимачот пред да влезе во своето возило.

Снимката се прошири брзо по медиумите и на социјалните мрежи и предизвика лавина од негативни реакции и револт кај јавноста во Македонија.

Граѓаните преку коментари и објави бараат итна реакција од инспекциските служби и полицијата за да се пронајде ова лице и да се преземат соодветни санкции за ваков безобразен чин на загадување на јавните површини и речните корита.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи