Почетна
Македонија

Жените во Велес бараат редовни прегледи — градот долго без работен мамограф

На настан во Велес за „Розев октомври“ учесниците повикаа на редовни прегледи и предупредија за околу 1.000 нови случаи годишно во земјата.

·Македонија
Жените во Велес бараат редовни прегледи — градот долго без работен мамограф

Илјада жени годишно во Македонија заболуваат од рак на дојката, беше соопштено на денешниот настан во Велес, каде веќе подолго време не функционира мамографот.

Настанот, организиран во рамки на иницијативите за „Розев октомври“, имаше цел да ги потсети жените на потребата од редовни прегледи — раното откривање значително ја зголемува можноста за успешно лекување.

Марш, флаери и лични приказни

Во колона, жени заедно со млади девојки прошетаа по велешките улици и делеа флаери за подигање на свеста за заштитата од рак на дојката. Организатор беше Организацијата на жени од Велес, со помош од Младинскиот центар.

Велешанката Руска Јанковска, која се излекувала од рак на дојка, зборуваше за својот пат: „Со голема борба која траеше три години успеав да продолжи животот. Туморот беше многу голем, беше потребна хемотерапија да се намали, па потоа ме оперираа, па одев на зрачење. Сега се чувствувам добро. До жените кои ја имаат оваа болест е да не очајуваат, да не се предаваат, таа може да се победи, да имаат волја за живот, болеста е иста како и другите. Порака до здравствените институции, дајте ни термини, дајте мамограф, дајте контроли, дајте терапии, за да можеме навреме да се прегледаме, да не биде доцна. Нема термини.“ Јанковска е поранешна вработена во „Порцеланка“.

Мирјана Трајкова, претседателка на Организацијата на жени Велес, истакна: „Имаме дружење на жените, размена на искуства за нивниот здравствен проблем. Розевата панделка е потсетник дека треба да се направи преглед, самопреглед, мамографија, ехо. Бројките загрижуваат, сè повеќе жени се соочуваат со овој проблем, старосната граница секоја година се намалува. Најважно е подигањето на свеста кај жената, да си посветуваат сами на себе внимание. Пациентите се жалат дека немаат навремени терапии, државата мора да ја надмине оваа состојба.“

Организаторите најавија две наредни активности: трибина со предавање на докторки-специјалистки на 21 октомври во Европската куќа во Велес и рекреативна трка на жените на 10 октомври.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи