Почетна
Магазин

Зорана Симеуновиќ: „Ме силуваа на 14 години“

Пејачката говори за престој во дом, траума од сексуално насилство и животот со сопругот композитор и ќерка.

·Магазин
Зорана Симеуновиќ: „Ме силуваа на 14 години“

Српската пејачка Зорана Симеуновиќ (32), која пошироката јавност ја запозна преку учеството во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, денес ја посветува енергијата на семејството, музиката и хуманитарната работа. Меѓутоа, зад сегашниот живот стојат тешки обележја од детството: смрт на татко, престој во дом и сексуално насилство за кое таа отворено зборувала.

Од тешко детство до сопствен семеен живот

Зорана повеќепати ја раскажувала својата приказна, нагласувајќи дека не сака да предизвика сожалување, туку да покаже дека тежок почеток не ја одредува целокупната иднина. Таа јавно зборувала и за борбата со анорексијата, како и за бракот со композиторот Стеван Симеуновиќ, кој е 30 години постар од неа. Двајцата се заедно од 2019 година, а во 2024 година станаа родители на ќерка.

Гостувајќи во емисијата на Огњен Амиџиќ, Зорана опиша како почнала врската со Стеван. Според нејзиното сведоштво, првично отишла кај него поради музиката — таа сакала да сними дует со Саша Матиќ и носела плик со пари подготвена да плати за песната. Средбата, сепак, добила поинаков тек кога ѝ рекол дека ќе ја направи песната само ако се омажи за него.

„Ме освои со реченицата: Јас тебе те разбирам, и млада си и убава, ама додека си под мој покрив нема ништо да ти фали. Нема да бидеш гладна, жедна, ќе спиеш мирно, и со тоа ме ‘купи’“, раскажала пејачката.

Нејзиното детство било ознаменето со загуби и нарушени семејни односи. Татко ѝ починал на само 29 години. По неговата смрт, мајката повторно се омажила, но според зборовите на Зорана, таа не била прифатена од својот очув и на само 14 години била испратена во дом за деца. Во тие години, таа подоцна јавено обелоденила, станала жртва на сексуално насилство.

„Не сум единствената на која ѝ се случи тоа. Ќе ја носам таа траума додека сум жива. Иако сум му благодарна и на Бога што имам љубов и што со неа можам да надминам сè што е лошо“, изјавила Зорана. Таа додава дека во тој период немала ниту полни 14 години: „Во тоа време имав неполни 14 години. Тогаш си дете, но со сменето мислење за животот. Преку ноќ си пораснал, веќе не си дете и поинаку ги доживуваш работите“.

По престојот во домот и во прифатен центар, Зорана започнала да пее кога наполнила 18 години и сама да заработува, обидувајќи се постепено да изгради живот. Таа ја опиша и ранливоста во односот со мајка ѝ — контактот бил прекинат и во еден период мајка ѝ не сакала да ја гледа. Сепак, тие успеале повторно да се сретнат приближно еден месец пред смртта на мајката и Зорана кажува дека тогаш ѝ простила: „Мајка ми не сакаше да контактираме. Кога почина не плачев затоа што е мртва, туку затоа што ја изгубив можноста да имам мајка каква што заслужува секое дете“.

Денес Зорана е сопруга и мајка, продолжува да настапува и дел од времето го посветува на хуманитарни активности, особено кога станува збор за деца. Со отворено говорење за своето минато — од загубата на таткото и престојот во дом, преку сексуалното насилство и нарушениот однос со мајката — таа вели дека сака нејзината приказна да им даде сила на други кои поминале низ слични трауми.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи