Почетна
Македонија

20-годишник од Голема Речица продавал украдени податоци и детска порнографија онлајн

МВР и ФБИ го открија неговото учество во Telegram-грапа за продажба на украдени податоци, обвинителството во Тетово отвори истрага.

·Македонија
20-годишник од Голема Речица продавал украдени податоци и детска порнографија онлајн

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од тетовското село Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал.

Вчера Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против 20-годишниот Е. А. од Голема Речица откако во заедничка акција со американското Федерално истражно биро (ФБИ) било откриено дека тој администрирал нелегален онлајн пазар за продажба на украдени лични податоци. За осомничениот е побарано определување притвор.

Детали од истрагата

Обвинителството соопшти дека за време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело Компјутерска измама по член 251-б од Кривичниот законик.

Според истрагата, во периодот од 2025 до 2026 година осомничениот администрирал нелегална онлајн група на комуникациската апликација Телеграм преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

Покрај тоа, тој се сомничи и за злоупотреба на лични податоци и за производство и дистрибуција на детска порнографија. Случајот е во тек и обвинителството најавува дополнителни истражни дејства пред да ја финализира обвинителната постапка.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи