Почетна
Македонија

33 пожари за едно деноноќие низ земјата

Најсериозна состојба е на терените каде што огнот зафатил шума.

·Македонија
33 пожари за едно деноноќие низ земјата

Во период од едно деноноќие се регистрирани 33 пожари низ повеќе делови на земјата, при што најсериозна останува состојбата на терените каде што гори шума.

Активни жаришта и опфатена вегетација

Активни се пожарите кај Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и над Вражале, каде што гори мешана шума.

Огнот продолжува и во месноста Видуш кај Драгов Дол и во Локвица во Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Во Кичево, активен е пожарот во атарот на село Тајмиште, месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума.

Четвртиот активен пожар е во Горна Ѓоновица, општина Гостивар, каде што гори ниска вегетација.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи