Почетна
Македонија

Државата да ги обештети сточарите на кои што им угинаа овците од овча сипаница, бараат сточарите

На средбата со министерот сточарите побараа компенсации, зголемување на субвенциите и вклучување на трите приоритетни точки во програмата за 2027.

·Македонија
Државата да ги обештети сточарите на кои што им угинаа овците од овча сипаница, бараат сточарите

Сточарите — одгледувачи на овци и кози — побараа државата да им ги обештети сопствениците на животни кои им угинале од овча сипаница и да им се зголемат субвенциите. Барањата беа доставени на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен сточар“.

Претседателот на Сојузот, Насер Џемаили, изјави дека имаат три приоритетни барања кои сакаат да влезат во Програмата за 2027 година.

„– Да се врати женското јагне за приплод, да имаме повисоки субвенции, да се исплаќаат календарски на време.Тие се најбитните точки. Има повише точки, но имавме три точки со приоритет и да имаме закон за пасишта што побрзо завршува на 5.34“

Вакцинација и опфат на кампанијата

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека почна акцијата за масовна заштита од овча сипаница во Источниот Регион. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони.

Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион, каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни, изјави Насер Џемаили. Со втората фаза ќе бидат опфатени Југозападниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни.

За да се обезбеди највисок можен опфат, ќе има и трета фаза за дополнителна вакцинација која ќе вклучува јагниња и јариња што достигнале минимална возраст по завршување на првите две фази, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите шест недели по породувањето за кои вакцинацијата била одложена, соопштуваат од АХВ.

Од болеста околу 10.000 овци угинале, при што најмногу случаи има во Источниот Регион, посочуваат сточарите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи