Почетна
Македонија

Почна вакцинацијата против сипаници кај овци и кози во Источниот Регион — 438 042 животни ќе бидат опфатени

Дистрибуцијата на вакцините заврши прва фаза; 1 859 стада (193 527 животни) се опфатени во фазата што следува.

·Македонија
Почна вакцинацијата против сипаници кај овци и кози во Источниот Регион — 438 042 животни ќе бидат опфатени

АХВ ја почна вакцинацијата против сипаници кај овци и кози во Источниот плански регион, согласно Решението за итна вакцинација на малите преживари што е одобрено од Европската Унија, соопшти агенцијата.

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на сипаници кај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети 9 359 животни.

Денеска завршува и првата фаза од дистрибуцијата на вакцините, со што се создадени услови за продолжување на вакцинацијата во предвидените подрачја – Источниот, Североисточниот, Вардарскиот и Југоисточниот Регион. Вакцините се од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ.

Со вакциналната кампања ќе бидат опфатени 3 417 стада, односно 438 042 животни во осумте плански региони. Во првата фаза, која се спроведува во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот Регион, ќе бидат вакцинирани 1 859 стада со вкупно 193 527 животни.

Следни фази и кои животни ќе бидат опфатени

Во втората фаза ќе бидат опфатени Југозападниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Скопскиот Регион, каде се евидентирани 1 558 стада со 244 515 животни. Третата фаза предвидува дополнителна вакцинација за да се обезбеди што поголем опфат на животните.

Таа ќе ги опфати јагнињата и јарињата кои по завршувањето на првите две фази ќе ја достигнат минималната возраст за вакцинација, животните чија вакцинација е одложена поради здравствената состојба или ветеринарна проценка, бремените животни и оние во првите шест недели по породувањето. Дополнително, ќе бидат вакцинирани и животни од фарми кои биле недостапни во почетната кампања, како и фарми каде вакцинацијата била одложена поради сомнение за инфекција, доколку официјалниот ветеринар одобри ваква постапка.

Вакцинацијата ќе се спроведува кај клинички здрави овци и кози, како и кај јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинирање. Бремените, болните и другите категории животни ќе се третираат согласно упатството за употреба на вакцината. АХВ посочува дека вакцинацијата е важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино повторно појавување.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи