56-годишен Љупчо исчезнат веќе десет дена, семејството бара помош
Роднините велат дека претходно барале хоспитализација поради сериозни психички проблеми, пред тој да исчезне.

56-годишниот Љупчо е исчезнат веќе десет дена, а неговото семејство и полицијата продолжуваат со потрагата.
Неговиот внук Дарко на социјалните мрежи напиша дека семејството уште пред исчезнувањето повеќепати побарало помош од надлежните, предупредувајќи дека „има сериозни психички проблеми“ и дека понекогаш престанувал да ја зема терапијата.
Според Дарко, пријави за неговото однесување поднеле и станарите од зградата. Како што наведуваат роднините, тие се обратиле и до полицијата и доставиле упат од лекар за болничко лекување и задржување.
Семејството бара итна, организирана потрага
Семејството тврди дека подоцна им било соопштено дека во болницата нема слободни места поради реновирање, а на една од последните консултации со полицијата добиле одговор дека не може да се интервенира доколку Љупчо е мирен.
Сега роднините бараат итна и организирана потрага и јасна информација кои мерки биле преземени пред неговото исчезнување. Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки за негово пронаоѓање.
Семејството апелира до сите кои знаат било каква информација за Љупчо да се јават на 073-717-090 или во најблиската полициска станица.
Фото: Original uploader was Svik at bg.wikipedia / Wikimedia Commons (CC BY-SA 3.0)