АЛТА банка: исплатени средства во Битола, отвора шалтери во Тетово и Струмица
Народната банка: 360 граѓани подигнаа до 20.000 денари; неделниот лимит за готовина и плаќања се зголемува на 15.000 денари.

Народната банка соопшти дека вкупно 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен кои немаат платежни картички денеска успешно ги подигнале средствата од своите сметки во филијалата на АЛТА банка во Битола.
Исплатата се одвивала непречено: услугата била добро организирана и немало проблеми при опслужувањето на клиентите, се наведува во инфорамцијата.
Особено беше организиран превозот на граѓаните од трите града до филијалата во Битола и назад, со што им беше олеснет пристапот до нивните средства. Граѓаните можеле да подигнат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот лимит за период од две недели.
Шалтери и нови лимити
Од понеделник започнуваат со работа и шалтерите на АЛТА банка во Тетово и Струмица. Клиентите кои немаат платежни картички и во овие два града ќе можат да подигнат готовина до 20.000 денари.
Дополнително, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на банката. Наместо досегашните 10.000 денари, клиентите ќе можат да располагаат со лимит од 15.000 денари неделно.
Информациите ги објави Народната банка како дел од мерките за олеснување пристап до готовина за клиентите кои не поседуваат платежни картички.
Фото: прес-материјал од настанот


