Апелација ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, наложено преиспитување на докази
Судот наложи Кривичниот суд да ги преиспита исказите и поврзаноста на настаните околу грабнувањето на Вања.

Апелациониот суд ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски и го врати предметот на Кривичниот суд со налог да ја преиспита доказната материја, оти понижувачки јасни факти за неговото однесување пред и по грабнувањето на ќерка му Вања не биле дадени.
Судот побара од судијата што ќе го преиспита случајот да ја оцени доказната вредност на исказите на Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и да утврди од кои докази произлегува сознанието на Ѓорчевски кога неговата ќерка ќе го напушти домот и се упатува кон училиштето.
„Воедно, судот да ја испита временската и фактичката поврзаност на настаните од 24.11.2023 година и 27.11.2023 година, особено во однос на околностите под кои била донесена одлуката за преземање на дејствијата кон оштетената, движењето и однесувањето на обвинетите во релевантниот временски период, како и нивната меѓусебна поврзаност“, информира Апелациониот суд.
На судењето беше кажано дека имало неуспешен обид за грабнување на девојчето на 24 декември 2023 година, а дека решиле да го извршат делото на 27 декември откако, според обвинетите, Љупчо Палевски (Палчо) им рекол дека информацијата дека таа сама ќе оди на училиште е од нејзиниот татко.
Реакција на одбраната
Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, ја критикуваше одлуката на Апелациониот суд да го испитува периодот меѓу неуспешниот обид и трагичниот ден, оценувајќи дека таквата постапка нема логика и не е потребна.
„Сите пет судии од Апелациониот суд, пред да ја донесат одлуката за да ги добијат одговорите за размуно или неразумно однесување на Александар, требале само за момент да се стават во улога на Зорица и Александар и тогаш ќе ги добиеле сите одговори“, смета Туфегџиќ.
Тој додаде дека, според него, Апелациониот суд можел да интервенира само во онаа част од пресудата за која нашол недоволно јасни и недвосмислени заклучоци, наместо да го врати предметот на повторно разгледување. „Прво, Апелациониот суд потврди дека Александар немал комуникација и конекција со ниту еден од обвинетите и втора работа, конечно, ставена е точка на прашањето за становите, како мотив за извршување на кривичното дело, а без мотив обвинението против Александар нема апсолутно никаква смисла“, смета Туфегџиќ.
Останатите обвинети за убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и за случајот со Панче Жежовски добија казни доживотен затвор, додека Ѓорчевски, кој се гонеше за помагање во грабнувањето, првично беше ослободен но пресудата сега е вратена на повторно разгледување.
Марија Митевска
Фото: прес-материјал од настанот


