Почетна
Свет

Белата куќа наредила ограничување на „Старшилд“ во Украина

Министерството за одбрана добило порака да се забави услугата на SpaceX; украинските приемници работат при движење само до 160 км/ч.

·Свет
Белата куќа наредила ограничување на „Старшилд“ во Украина

Одлуката за ограничување на воената верзија на системот „Старлинк“ што Украина го користи за комуникација на бојното поле и за операции со беспилотни летала, била донесена во Белата куќа, изјавија двајца американски функционери и еден западен претставник запознаен со случајот.

Според тие извори, раководството во Министерството за одбрана добило порака дека работата на услугата „Старшилд“ на компанијата SpaceX треба да се забави.

Не е прецизирано кој во Белата куќа ја донел одлуката ниту кој бил одговорен за спроведувањето на наредбата. Пентагон е најголемиот клиент на „Старшилд“, верзијата на „Старлинк“ наменета за воени потреби.

Технички проблеми и ефект врз дроновите

Украински функционери оваа недела изјавија дека приемниците „Старлинк“ со воени спецификации престанале да функционираат во Украина кога биле поставени на објекти што се движат со голема брзина, што го попречувало работењето на украинските дронови.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека приемниците сега функционираат и при движење, но само при брзини до 160 км/ч.

Изворите кои ја опишаа наредбата не објавија детали за времето кога е издадена или за конкретните технички промени кои влијаеле врз услугата.

Фото: АП)

Поврзани написи