Почетна
Спорт

Билети за гостинскиот меч: Словенија – Македонија во Љубљана за 1.600 денари

Картите за гостинскиот сектор за натпреварот на 29.09.2026 во Љубљана се достапни, цена 1.600 денари.

·Спорт
Билети за гостинскиот меч: Словенија – Македонија во Љубљана за 1.600 денари

Фудбалската Федерација на Македонија објави дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот на А репрезентацијата на гостински терен против селекцијата на Словенија, и потврди дека е обезбеден сектор за гостински навивачи.

Детали за натпреварот

Дуелот е закажан за 29.09.2026 година во Љубљана, со почеток од 20:45 часот на стадионот Стожице. Билетите за секторот на гостинските навивачи веќе се пуштени во продажба.

Цената за картите во гостинот сектор изнесува 1.600 денари. Од федерацијата очекуваат брза продажба, со оглед на тоа дека во тој дел на Европа има значителна македонска дијаспора која редовно ги набавува билетите.

Три дена претходно, репрезентацијата на селекторот Гоце Седлоски ќе игра на домашен терен против Швајцарија, во рамките на истиот нов циклус на Лигата на Нации.

Фудбалската федерација го соопшти ова на 14.09.2026 и ги охрабрува навивачите да ги обезбедат картите навреме, поради очекуваниот интерес.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи