Почетна
Македонија

Царината спречи увоз на 2,8 тони нејодирана сол

Пратката била декларирана како индустриска сол, но при увид е утврдено дека станува збор за нејодирана сол; кривична постапка е во тек.

·Македонија
Царината спречи увоз на 2,8 тони нејодирана сол

Царинската управа спречи нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол која била пријавена како индустриска, соопштија од институцијата.

Пратката била декларирана во царинската декларација како индустриска сол, а увозникот — производител на храна — доставил изјава дека солта ќе се користи за индустриски цели. При контрола, пак, било утврдено дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска сол, како што беше пријавено.

Увоз на нејодирана сол е забранет

„Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната задолжително треба да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол“, соопштија од Царинската управа.

Против осомничените е поведена соодветна постапка. По решение на Агенцијата за храна и ветеринарство запленетата сол е уништена на депонијата „Дрисла“.

Од Царинската управа посочуваат дека откривањето царински измами поврзани со храна е еден од главните приоритети на институцијата. Во таа насока, минатата година со Агенцијата за храна и ветеринарство бил склучен меморандум за размена на податоци, со што е унапредена борбата против криминалот поврзан со храна.

Фото: Царинска управа

Поврзани написи