Цеца: бикини фотографии, тајната на формата и патнички стајлинг вреден 45.000€
Фолк-ѕвездата објасни зошто ретко влегува во провокативни кадри, откри како смени 8,5 кг и отпатува во Мадрид со скап накит.

Балканската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно предизвика реакции откако се појавија нејзини фотографи во костим за капење — малку поради тоа што ретко дели вакви провокативни слики, а многу поради реакциите што ги предизвикуваат.
Цеца однапред објаснува дека внимателно ги контролира случувањата околу своите фотографии и дека изборот на облека и пози е прашање на момент и вкус. "Јас ретко изнесувам слики кои се провокативни, не затоа што се ја срамам од своето тело, туку просто сè е тоа момент, дали нешто сакам или не. Но, да бидам најсикрена, јас најопуштено се чувствувам кога сум закопчана до грло, што е негде и природно. Се трудам што и да облечам или се сликам тоа да има мерка, бидејќи граница е танка, а во што друго ќе се сликате во море, отколку во бикини", изјави Цеца во една пригода.
Покрај естетиката на фотографиите, пејачката јавно го сподели и режимот со кој ја довела линијата до посакуваната форма: успеала да симне 8,5 килограми за само еден месец, без ригорозни диети, гладувања или опасни препарати. Нејзиниот режим наликува на автофагија — престанува со внесување храна најдоцна до 19:30 или 20:00 часот и по тоа консумира исклучиво вода, додека утрото го започнува со квалитетен појадок и раздвижување на метаболизмот.
Семејни причини и стајлинг од висока класа
По неодамнешните радосни вести од семејството и раѓањето на внукот, Цеца отпатува во Мадрид за да ја посети ќерката Анастасија и да ужива во семејните моменти.
За патувањето таа избра лежерен, но скапо изгледачки спортски стил во беж нијанси. Во центарот беше тренерка со препознатливиот потпис на модната куќа „Шанел“, чија вредност се движи меѓу 2.000 и 3.500 евра, комбинирана со едноставен беж качкет.
Гламурот дополнително го надополни накитот од Van Cleef & Arpels од колекцијата "Two Butterfly": огрлица од злато и скапоцени камења проценета на 15.000 до 25.000 евра и прстен со мотив пеперутка кој може да достигне и до 28.000 евра. Вкупната проценка за патничкиот стајлинг изнесува околу 45.000 евра, потврдувајќи дека таа знае да спои удобност и луксуз.
Фото: прес-материјал од настанот


