Почетна
Магазин

Цеца ги покажа мускулите по губењето над 8 килограми: „Нема одмор додека трае обновата!“

Пејачката ретко споделува тренинзи, но овој пат се пофали со резултатите.

·Магазин
Цеца ги покажа мускулите по губењето над 8 килограми: „Нема одмор додека трае обновата!“

Српската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ги изненади следбениците откако објави необичен видеоклип од теретана во кој се гледа како тренира во тесни хеланки и топ.

Задишана и испотена, Цеца вежба додека нејзин соработник ја снима; во еден момент тој ѝ се обраќа со зборовите: „Како се чувствувате Светлана на тренинг? Погледнете го ова згодно тело!“

Режим и резултати

Пејачката се насмеа, ја крена раката и гордо го покажа затегнатиот бицепс, испраќајќи јасна порака: „Нема одмор додека трае обновата!“ Видеото го потенцира трансформацијата за која таа говореше во медиумите.

Цеца неодамна призна дека за само еден месец успеала да ослабе повеќе од 8 килограми и да ја врати својата манекенска линија. „Никогаш сум немала проблем со килажата благодарение на генетиката. Меѓутоа, пред извесно време почнав да се дебелеам. Се соочив со себе и си реков дека сакам пред сè да живеам поздраво. Отидов кај одлична нутриционистка и направивме план кој најмногу се заснова на месо и свежи салати“ – откри тогаш Цеца.

Таа признава дека првично ѝ било тешко да се навикне на правилниот распоред на оброците — помеѓу нив да поминуваат најмалку 3 до 4 часа — но брзо се прилагодила. Покрај строгата исхрана, во рутината вклучи и напорни тренинзи за затегнување, а ефектите се јасно видливи во видеото.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи