Почетна
Македонија

Четири села во Општина Чешиново-Облешево живеат на свеќи и агрегати поради чести прекини на струја

Мештаните бараат од ЕВН и општината да го решат долгогодишниот проблем со дистрибуцијата зашто остануваат без струја и вода.

·Македонија
Четири села во Општина Чешиново-Облешево живеат на свеќи и агрегати поради чести прекини на струја

Жителите на четирите села во Општина Чешиново-Облешево велат дека се присилени да живеат на свеќи, ламби и со помош на агрегати поради долготрајни проблеми во дистрибуцијата на електрична енергија.

Според мештаните од Чешиново, Уларци, Жиганци и Соколарци, доволно е само тивко да дувне ветре или ситно да зароси и веднаш остануваат без струја. Прекините влијаат и на снабдувањето со вода, бидејќи домаќинствата користат бунари и хидрофори кои работат на струја.

Штети и страв за здравјето

На собирот на граѓаните, тие објавија дека честите исклучувања предизвикуваат оштетување на електричните апарати и ја онеможуваат безбедната чувачка на храна. Изразија загриженост за здравјето и безбедноста на децата и другите ранливи лица во семејствата.

Мештаните тврдат дека повеќепати се обратиле до ЕВН во Кочани со барање за трајно решение. И градоначалникот на општината ја подигнал темата пред компанијата, но проблемот и натаму останува нерешен.

Граѓаните и локалната власт побараа ЕВН итно да ги реши долгогодишните проблеми со дистрибуцијата за да им овозможи на семејствата стабилна струја и непречен пристап до вода. Не беше соопштен конкретен рок за санација.

Викторија Јованова

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи