Почетна
Свет

Човек со пресаден генетски модифициран бубрег од свиња преживеа 9 месеци без дијализа

Свинскиот бубрег служеше како привремен мост додека 66‑годишникот чекаше човечка трансплантација.

·Свет
Човек со пресаден генетски модифициран бубрег од свиња преживеа 9 месеци без дијализа

Маж доби генетски модифициран бубрег од свиња и не мораше да оди на дијализа девет месеци — прв таков регистриран случај во светот, велат лекарите.

Пациентот, Тим Ендрјус, кој имал бубрежна болест во терминална фаза, имал 66 години кога во јануари 2025 година во САД му бил трансплантиран свинскиот бубрег. Органот работел успешно 271 ден, по што пациентот преминал на краткотрајна дијализа и подоцна добил бубрег од човечки дарител.

Тимот, составен од стручњаци од академските центри и болниците на „Мас џенерал Бригам“ во Бостон, ги објави своите наоди во списанието „Лансет“. Лекарите посочуваат дека животинскиот орган служел како привремен "мост" додека пациентот чекал човечка трансплантација.

Криза со органи, според авторите

Д-р Леонардо Риела, главниот автор од Центарот за науки за трансплантација при „Мас џенерал Бригам“, изјави: „Недостигот на органи е најголемата криза со која се соочуваме во областа на трансплантацијата во моментов. Знаеме дека најдобрата опција за лекување на пациенти со бубрежна болест во терминална фаза, кај кои настапила бубрежна слабост, е трансплантацијата, но едноставно немаме доволно човечки органи за навремено да ја извршиме постапката“.

Според тимот, тоа е најдолгиот период на преживување без дијализа по трансплантација на бубрег од свиња кај жив човек, како и првиот документарен случај на премин од трансплантација на свински бубрег кон трансплантација на човечки бубрег.

Лекарите и истражувачите велат дека овој случај ја илустрира можноста на ксенотрансплантацијата да служи како привремено решение за пациенти на долги листи на чекање, додека истовремено ја потврдува трајната проблематика на недостатокот на човечки органи.

Фото: ДПА)

Поврзани написи