Дел од обиколницата во Солун целосно затворен вечерва кон Евзони
Од 23:00 до 05:00 поради градежни работи на новиот надвожњак „Flyover“ – сообраќајот кон границата ќе се пренасочува.

Сообраќајната полиција во Солун најави привремена измена во режимот на сообраќај која ќе важи вечерва, 14 септември 2026 година. Од 23:00 часот до 05:00 часот изутрина ќе биде целосно затворен дел од внатрешната обиколница во правец кон граничниот премин Евзони (Македонија).
Причина и пренасочување
Затворањето се изведува поради градежни активности поврзани со изградбата на новиот автопатски надвожњак „Flyover“. По барање на изведувачите и градските служби, сообраќајот на засегнатиот дел ќе биде стопиран за време на работите.
Според информации објавени во групата „Грчка инфо“, правецот кон Евзони (север) ќе биде целосно пренасочен низ алтернативни градски улици и булевари каде што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Возачите треба да ги следат таблите за пренасочување.
Правецот кон Халкидики (југ) ќе се одвива непречено и нормално во сите ленти.
Се апелира до сите кои планираат ноќно патување да ја прилагодат брзината, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да предвидат дополнително време за минување низ Солун поради можност од зголемен сообраќај во централното градско подрачје.
Полициските екипи и патните служби ќе бидат присутни на терен за регулирање на сообраќајот и за обезбедување на безбедни услови при изведбата на работите.
Фото: прес-материјал од настанот


