Денес е Света Петка (8 август): што да внесите во домот за благослов и што да избегнувате
На 8 август се одбележува споменот на Света Петка — кои предмети и цвеќиња да внесете дома и кои работи да ги избегнувате.

Секоја година, на 8 август, православните верници го одбележуваат споменот на Светата преподобномаченичка Параскева, позната во народот како Света Петка. Овој летен празник, различен од есенскиот празник Света Петка во октомври, има посебна духовна тежина поврзана со житието и жртвата на светицата.
Во народното сеќавање, Света Петка е сметана за заштитничка на огништето, особено за мајките, жените и сиромашните. Нјзиниот култ во македонската традиција е поврзан со негувањето на домашниот мир, чесноста и духовната чистота.
Според старите обичаи, утрото на 8 август треба да започне со молитва пред првиот залак или пред каква било работа. Верниците се советуваат да донесат свеќи од црква и да ги запалат во домот, оставајќи ги да догоруваат во различни простории како симбол на духовна светлина и заштита — чин што, според верувањето, го чисти просторот од негативна енергија и ја привлекува хармонијата.
Кое цвеќе да внесете во домот
Домот често се украдува со свежо цвеќе како симбол на радост, мир и обновување. Во народната традиција со Света Петка особено се поврзуваат невенот, хризантемата и белиот крин — цвеќиња кои се сметаат за носители на чистота, духовна заштита и здравје. Невенот, со својата златна боја, привлекува благосостојба и топлина; хризантемата симболизира долговечност и мир, а белиот крин — Божја милост и чистота на срцето преку застапништвото на светицата.
Исто така, постојат забрани кои според преданието не треба да се прекршуваат на денот на Света Петка: се избегнува тешка физичка работа како перење, чистење, метење, градинарски работи или преместување мебел, бидејќи тие активности "ја растеруваат" среќата и го нарушуваат духовниот мир. Рачни работи како шиење, плетење или месење исто така не се прават.
Целта на овие обичаи е домот да биде исполнет со светлина, мир и благослов, а сѐ што носи немир или тежина — симболично или буквално — да се отстрани. Верниците веруваат дека така ќе обезбедат година полна со здравје, љубов, семејна хармонија и заштита од светицата.
Фото: прес-материјал од настанот