Денеска се одбележуваат светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен
Црквата ги спомнува четворицата од редот на Седумте ѓакони и Седумдесетте апостоли.

Денеска Црквата ги спомнува светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен, кои се од редот на Седумте ѓакони и Седумдесетте апостоли. Останатите три ѓакони беа Стефан, Филип и Николај; првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес.
Првите четворица немаат посебен ден за празнување туку се споменуваат заедно на овој ден.
Житија и мачеништва
Прохор беше ракоположен од светитеот апостол Петар за епископ во Никомидија. Извесно време беше на служба кај свети Јован Богослов и на островот Патмос ги забележа откровенијата што ги слушнал од устата на светиот Јован.
Потоа Прохор се врати во Никомидија, каде вложи голем труд за обраќање на народот во верата. Маченички се упокои во Антиохија, каде беше убиен од неверници.
Свети Никанор пострада во Ерусалим истиот ден кога и светиот архиѓакон Стефан; набрзо по него пострадаа и две илјади други христијани, кои беа убиени од зли Евреи.
Тимон беше епископ во Арабија и пострада за Христа на крст. Пармен умре пред очите на апостолите и тие го оплакаа и го погребаа.
Фото: Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен