Почетна
Македонија

Директорот на Историскиот музеј – Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка

Тој ја нарече одлуката личен, морален и етички чин по реакциите за снимањето на музичкиот спот во заштитениот споменик „Македониум“.

·Македонија
Директорот на Историскиот музеј – Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка

Директорот на НУ „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка, соопштувајќи дека одлуката ја носи како лична одговорност.

Одзаклиески во прилог на оставката наведе: "одлуката е личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста."

Позадина

Оставката следува по реакциите во јавноста откако во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево беше снимен музички спот за песната „Секси мама“, во изведба на косовскиот рапер Дон Џони. „Македониум“ е заштитено културно наследство на државата.

На случајот реагира и премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека ќе побара разрешување на директорот на Историскиот музеј во Крушево и на членовите на Управниот одбор кои дозволиле изнајмување на споменикот за снимање музички спот.

Одлуката на Одзаклиески доаѓа во период кога јавноста и дел од културната сцена изразија незадоволство по појавувањето на снимки и фотографии од снимањето во заштитениот објект.

Сè уште не е соопштено како и дали ќе следат формални постапки за проверка на дозволите за изнајмување и самиот чин на снимање.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи